Начевски и Николов го судат дуелот Белорусија – С.Арабија

mec baner

Македонските судии Ѓорѓи Начесвки и Славе Николов  денеска ќе го судат вечерниот дуел (20.45) од Групата Ц во Руен, меѓу Белорусија и Саудиска Арабија.

И двете селекции имаат порази во првото коло, а  овој дуел една од овие две селекции може да ја стави во игра за пласман во втора фаза.

Во првиот меч од 2.коло, вчера Хрватска ја победи Унгарија (31-28), а денеска уште играат и Чиле и Германија.

Се вчитува...