Начевски и Николов ќе делат правда на Европското првенство 2024 во Германија

Македонија на престојното Европско првенство што ќе се одржи во јануари во Германија покрај ракометарите како пратставници ќе ги има и судискиот пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кои се најдоа меѓу 18. парови на кои Европската ракометна федерација им ја довери регуларноста.

Покрај двајцата Македонци ќе има и судиски парови од Босна и Херцеговина, Чешка, Данска, Шпанија, Франција, Германија, Исланд, Литванија, Молдавија, Црна Гора, Норвешка, Португалија, Словенија, Швајцарија и Шведска.

Интересно, на Европското првенство нема да има судиски парови од Србија и Хрватска.

Се вчитува...