Начо останува верен на Реал Мадрид до 2023 година

Начо Фернандез го продолжи својот договор со Реал Мадрид до 2023 година. Откако одлучија да не му го продолжат договорот на капитенот, Серхио Рамос, Флорентино Перез мора да го задржи костурот на екипата во одбраната, па затоа експресно му беше понуден договор на 31-годишникот.

Начо потекнува од младинската школа на Реал Мадрид каде е од 2001 година и целата кариера ја помина на „Сантијаго Бернабеу“.

 

Се вчитува...