Надал: 1000 победи? Тоа значи дека сум стар

Вториот тенисер во светот, Рафаел Надал по остварената 1000. победа во кариерата истакна дека го прави среќен тоа што се уште игра добро. Тој до 1000. победа стигна по триумфот над Фелисијано Лопез во 2. коло на Мастерсот во Париз.

„Победа во 1000 меча значи дека сум стар. Штом сум стигнал до тој број значи дека веќе долги години играм добро и тоа ме прави навистина среќен“, изјави Надал. 

Покрај 1000. победа во кариерата, Рафаел Надал има освоено и 86 АТП титули од кои 20 се на Грандслем турнирите.

Се вчитува...