Надал: Алкараз е фаворит на секој турнир, во нашата ера тоа го немаше

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал проговори за својот сонародник Карлос Алкараз по големиот успех и одбраната на титулата на Вимблдон.

Алкараз славеше и во четвртото грaндслем финале во кое играше и стана најмладиот кој славеше и во Лондон и во Париз во иста година.

„Најдоброто нешто што му се случува е тоа што, без разлика на кој турнир или подлога, тој ќе биде фаворит. Тоа е нешто што не сте го виделе во мојата генерација. Јас бев фаворит на земјена подлога, но на трева тоа беше Роџер. Секогаш бевме или јас или Новак или Роџер, сега тоа го нема“, изјави Надал.

Се вчитува...