Надал без поголеми проблеми го мина и Томпсон

Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Париз откако го совлада Австралиецот Џордан Томпсон со максимални 2-0 по сетови 6-1 и 7-6.

Шпанецот првиот сет го освои фуриозно, додека во вториот Австралиецот пружи поголем отпор, но не успеа ништо повеќе од одведувајќи го во тај-брејк.

Во четвртфиналето Надал ќе се сретне со Шпанецот, Карено Буста.

Се вчитува...