Надал без пот до осминафинале, крај на приказната на Плишкова

Рафаел Надал со импресивна игра го декласираше сонародникот Карено Буста и со победа од 6-1, 6-2, 6-4 шпанскиот тенисер стигна до место во осминафиналето од Австралија Опен. Тој одигра фантастичен меч, во трите сета имаше 42 винер-удари и само седум неизнудени грешки, на противникот не препуштајќи му ниту една единствена можност за брејк. Негов ривал во следната рунда ќе биде подобриот од мечот Кириос – Хачанов.

Доминик Тим се пласираше во следната фаза по победата од 3-1 над Американецот Фриц, а настапот во Мелбурн го заврши Давид Гофан, кој загуби од Рубљев со 1-3 во сетови.

Русинката Пављученкова го приреди најголемото изненадување во женска конкуренција, елиминирајќи ја Каролина Плишкова со 2-0, добивајќи ги двата сета со тајбрејк (7-4, 7-3). Симона Халеп лесно и убедливо триумфираше над Путинцева со 6-1, 6-4, додека Свјатек од Полска ја елиминираше Дона Векиќ со 7-5, 6-3.

Се вчитува...