„Надал докажа дека сите тие погрешија“

Францускиот лекар и физиотерапевт Бен Илуз говореше за кариерата на Рафаел Надал и неговите проблеми со повредите. Тој истакна дека популарниот Рафа на многу им покажал дека грешат кога му најавувале дека кариерата поради честите повреди нема долго да му трае.

„Рафаел Надал е психички силна личност. Успеа да направи неверојатна кариера и покрај проблемите. Многу доктори му рекоа дека нема да може да се занимава со тенис поради повреди, меѓутоа докажа дека сите тие погрешија. И покрај се со што се соочи во кариерата тој и понатаму настапува на неверојатно високо ниво. Тој оди над границите на нормалата“, изјави 

Рафа Надал го откажа учеството на УС опен, што значи дека ќе се подготвува за неговиот омилен грен-слем Ролан Гарос.

Се вчитува...