Надал експресно и со Лајовиќ за четвртфинале на Мастерсот во Рим

Рафаел Надал стигна и до втора убедлива победа на АТП Мастерс 1000 турнирот во Рим откако вечерва со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-3 го совлада српскиот тенисер Душан Лајовиќ. Популарниот Рафа првиот сет го доби со убедливи 6-1, додека во вториот Србинот даде малку поголем отпор, но тоа не беше доволно за ништо повеќе од три освоени гема. Во четвртфиналето Надал утре ќе се сретне со Аргентинецот Диего Шварцман кој со 2-1 по сетови 3-6, 6-2 и 6-4 беше подобар од полскиот тенисер Хуберт Хуркач.

Претходно денеска и првиот носител Новак Ѓоковиќ стигна до триумф и пласман меѓу осумте најдобри во „Вечниот град“. Убава информација за тениските фанови е што од утре ќе биде дозволено и присуство на 1.000 навивачи на терените на италијанскиот мастерс.

 

Се вчитува...