Надал елиминиран во Париз, Зверев и Медведев во финалето

Рафаел Надал и во своето деветто учество на Мастерсот во Париз нема да дојде до трофејот на турнирот, откако е елиминиран во полуфиналната пресметка од Александар Зверев

Зверев се пласираше во финалето победувајќи го шпанскиот тенисер во два сета со 6-4,7-5.

Германецот во финалето во Париз ќе се соочи со Русинот Данил Медведев, кој во првото полуфинале беше поуспешен од Милош Раониќ победувајќи со 6-4, 7-6(4).

Се вчитува...