Рафаел Надал продолжува да ги собира големите имиња на светскиот тенис за да ја прослават десетгодишнината од неговата академија во Манакор, Мајорка.
Шпанецот, освојувач на 14 титули на Ролан Гарос, повторно ќе излезе на теренот во егзибицискиот натпревар меѓу двата тима, во кои е веќе потврдено дека ќе бидат Енди Мареј, Ришар Гаске и Доминик Тим.
Сега им се придружува уште едно големо име – Марат Сафин. Поранешниот тенисер број еден во светот и освојувач на два грандслем трофеи ја прифати поканата на Надал и ќе биде дел од јубилејниот спектакл на академијата.
За време на својата кариера, Сафин го освои Отвореното првенство на САД во 2000 година и Отвореното првенство на Австралија во 2005 година, а еднаш стигна и до првото место на АТП листата.
Списокот на учесници со тоа станува сè поимпресивен, а се очекува Академијата Надал да објави уште неколку имиња пред настанот.
A former World No. 1️⃣ joins Team Murray!
🚨 Marat Safin will be part of the Rafa Nadal Academy Slam!
A two-time Grand Slam 🏆 and one of the most iconic players of his generation, Safin is ready to be back on court in Mallorca. 🔥🎾
🗓️ 3 October
👉🏻 https://t.co/ZpnHBGPHxo pic.twitter.com/3IREgtKacG
— Rafa Nadal Academy (@rnadalacademy) September 27, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
