Надал го нападна Ѓоковиќ: Шест милиони луѓе починаа, Новак мора да објасни

Тони Надал во колумна за шпанските медиуми пишуваше за Новак Ѓоковиќ кој на крајот ќе игра на Австралија опен како медицински исклучок.

Веста беше прифатена и позитивно и негативно. Додека фановите на Србинот се презадоволни што тој ќе може на својот омилен гранд-слем да ја нападне 21. титула, од друга некои се разочарани од него што се уште не е вакциниран.

„Морам да признаам дека до оваа објава мислев дека Ноле или ќе се откаже или ќе се вакцинира. Скоро шест милиони луѓе го загубија животот од овој проклет вирус. Сакам да мислам дека Новак тоа го знае и дека како знак на човечко чувство ќе ја објасни целата ситуација“, изјави Тони Надал. 

Се вчитува...