Надал го откажа настапот во Софија, Ѓоковиќ официјално е најдобар израмнувајќи го рекордот на Сампрас

Новак Ѓоковиќ ќе се израмни на врвот на вечната листа со Пит Сампрас, како тенисер со најмногу години завршени на првата позиција на АТП листата. Овој податок денеска доби своја официјализација откако Рафаел Надал потврди дека нема да настапи на турнирот во Софија.

Надал имаше минимални шанси да го преземе првото место на АТП ранкингот на крајот на годината, но за тоа да се случи мораше да триумфира во Париз, Софија и АТП завршниот турнир во Лондон.

Откако тој го откажа своето учество во Софија веќе е јасно дека Ѓоковиќ годината ќе ја заврши како најдобар.

Се вчитува...