Надал го „преслуша“ и Травалја, елиминација на Стен Вавринка

Рафаел Надал продолжува со одличните игри на последниот грен-слем сезонава, Ролан Гарос. Тој во третото коло за 1 час и 37 минути го совлада Италијанецот Стефано Травалја со максимални 3-0 (6-1, 6-4 и 6-0). Во осминафиналето тој ќе игра против Себастијан Корда од САД, син на легендарниот чешки тенисер Петр Корда кој во 1998 година триумфираше на Австралија опен, а шест години порано играше финале во Париз.

Шампионот од 2015 година Стен Вавринка доживеа изненадувачка елиминација од домашниот тенисер Иго Гастон во маратонски меч со 3-2 по сетови 2-6, 6-3, 6-3, 4-6 и 6-0. Пласман меѓу шеснасетте најдобри во машкиот дел од ждребот обезбедија и Тим и Сонего.

Се вчитува...