Надал го „здроби“ Чилиќ за финале во Акапулко

Рафаел Надал ја продолжува својата доминација на АТП турнирот во Акапулко, Мексико, стигнувајќи до финалето и оваа година откако претходно го освои во 2005 и во 2013 година.

Во полуфиналната пресметка Надал го „здроби“ хрватскиот тенисер Марин Чилиќ победувајќи за помалку од час и половина со 6-1,6-2. Рафа покажа дека е „Крал на Акапулко“ со 14-та победа на турнирот каде досега не загубил ниту еден меч.

Во финалето Надал ќе се соочи со Американецот Сем Квери кој во три сета, со 3-6,6-1,7-5, беше подобар од Ник Киргиос.

Се вчитува...