Надал и Шпанија против Ѓоковиќ и Србија во финалето на АТП Купот

Репрезентацијата на Шпанија се избори за место во финалето на АТП Купот и за пресметка за титулата со селекцијата на Србија. Шпанците веќе по сингл мечевите се победници во полуфиналната пресмтка со домаќинот Австралија откако Рафаел Надал го обезбеди потребниот втор поен победувајќи го Алекс Де Минаур со 2-1 во сетови во вториот меч.

Претходно, почентата победа за Шпанија ја обезбеди Роберто Баутиста-Агут кој со 2-0 во сетови го победи првиот австралиски фаворит, Ник Кирјос. Селекцијата на Србија пак за место во финалето со 3-0 во победи го доби полуфиналниот дуел со Русија.

 

 

 

Се вчитува...