Надал искрен како никогаш досега: Ѓоковиќ ќе освои повеќе гренслем титули од мене и Федерер

Поранешниот светски тениски рекет број еден Шпанецот, Рафаел Надал, изјави дека очекува српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, да биде човекот со најмногу грен слем титули во историјата на тенисот.

Во моментов Надал, Ѓоковиќ и Федерер се израмнети по бројот на освоени трофеи од големите натпреварувања со по 20. трофеи.

„Ѓоковиќ е во најдобра позиција да биде играч со најмногу гренслем турнири. Не треба да се залажувате – Федерер е таму каде што е тој, а јас сум таму каде што сум јас. Во секој случај, Новак игра добро и е во најдобра позиција да освои најмногу грен слем титули. Тоа е реалноста и не треба да се игнорира. Не знаеме што ќе се случи во следните девет месеци, но тој сега е фаворит“, искрено изјави Надал, кој го освои последниот грен слем во 2020 година, кога триумфираше на Ролан Гарос.

Се вчитува...