Надал: Ја гледаме последната сезона на Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ ќе се обиде на Вимблдон да стигне до нов гранслем трофеј, но српскиот тенисер дефинитивно се приближува до крајот на својата блескава кариера.

Според зборовите на Тони Надал, легендарниот тренер на Шпанецот Рафаел Надал, Новак ја игра својата последна сезона во која главна цел му е да стигне до гранслем трофеј – на Вимблдон или на УС Опен.

„Пред Ролан Гарос ме прашаа дали го гледам Ѓоковиќ како освојувач на турнирот и реков НЕ. Не затоа што не го ценам, туку бидејќи времето минува. Кога морате да играте пет сета на секои два дена, опоравувањето веќе не е исто. И самото патување веќе не е исто, може да задоцните само неколку часа и тоа ќе влијае врз вашата игра на мечот. Тој се натпреварува затоа што се обидува да освои уште еден гранслем. Во спротивно, што е поентата за човек кој има освоено буквално се. Затоа, мислам дека ја гледаме неговата последна сезона“, истакна Тони Надал за шпанскиот канал на ЕСПН.

Се вчитува...