Надал ја прескокна и втората пречка на Австралија опен

Првиот рекет на светот, Рафаел Надал потешко од очекуваното успеа да го помине второто коло на првиот грен-слем во сезоната, Австралија опен. Шпанецот се мачеше два сета со Федерико Делбонис од Аргентина, кој успеа да го совлада со 3-0 (6-3, 7-6 и 6-1). Популарниот Рафа се мачеше во поголемиот дел од мечот со Аргентинецот, а посебно неизвесен беше вториот во кој Делбонис успеа да стигне до тај-брејк.

Освојувачот на турнирот во 2014, Швајцарецот Стен Вавринка во маратонски меч беше подобар од Италијанецот, Андреас Сепи со 3-2 (4-6, 7-5, 6-3, 3-6 и 6-4). По пет сета пласман понатаму обезбедија и 16. носител, Русинот, Карен Хачанов, како и Американецот Фриц, кој со пресврт го изненади Кевин Андерсон.

Кај дамите во 3. коло се квалификуваа, 4. носителка, Симона Халеп, како и 8. Кики Бертенс.

Се вчитува...