Надал лесно ја мина првата препрека на Австралија Опен, елиминација за Шарапова

Лидерот на АТП Листата, Рафел Надал се пласираше во вторто коло на Австралија Опен откако во воведната рунда забележа победа од 3-0 во сетови над Боливиецот Хуго Делиен. Шпанецот кој е шампион на грен-слемот во Мелбурн од 2009 година загуби само пет гема во пресметката со 72-рангрианиот противник. Во вторто коло, Надал ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Федерико Делбонис и Жоао Соуса.

Место во второто коло изборија и петтиот носител Доминк Тим со победата над Манарино во три сета, потоа деветтиот носител Роберто Баутиста Агут, 14-то рангираниот Диего Шварцман, Стен Вавринка, Марин Чилиќ и Милош Раонич.

Марија Шарапова ќе падне под 350-то место на ВТА листата по раната елиминација, уште во првото коло на Австралија Опен. Петкратната грен-слем титуларка и победничка во Мелбурн во 2008 година загуби во два сета од Хрватката Дона Векиќ. За Шарапова ова беше само втор дуел по УС Опен во септември минатата година поради повреда на рамото. Русинката во Мелбурн дојде со вајлд-карта.

 

 

 

Се вчитува...