Надал напорно тренира за Мастерсот во Индијан Велс

Рафаел Надал напорно се подготвува за настап на Мастерсот во Индијан Велс. Шпанскиот тенисер е подготвен за прв пат да се појави на теренот од почетокот на јануари и од турнирот во Бризбејн.

Поранешниот број еден на социјалните мрежи сподели видео од Индијан Велс, каде што тренира. Инаку, Надал пред неколку дена пристигна во Калифорнија заедно со Новак Ѓоковиќ. Двајцата најуспешни тенисери по бројот на гранд-слем титули со ист лет пристигнаа во САД и по долго време ќе имаат можност да бидат на исто натпреварување.

Тенискиот свет со нетрпение го очекува јубилејниот, 60. дуел на двајцата тенисери, а досега Ѓоковиќ води во победи со 30-29. Надал на почетокот на оваа сезона стигна до четвртфиналето во Бризбејн, пред да се повлече од Австралија опен поради повреда.

Се вчитува...