Надал: Новак донесе одлука да не се вакцинира, нормално дека ќе има последици

Новак Ѓоковиќ доби забрана за влез во Австралија откако тамошните власти одлучија дека и покрај медицинското одобрение за настап на Австралија Опен на Србинот не треба да му биде дозволен влез во државата. Рекетот број еден помина неколку часа во притвор на аеродромцот по што замина во хотел каде ќе ја чека разврската од целата ситуација.

На темата Новак Ѓоковиќ говореше и Рафаел Надал кој вели дека Србинот сам донел одлука да не се вакцинира, а истата нормално дека има последици.

„Тоа што се случува не е добро за никого, јас ги немам сите детали па не немам јасно мисење, но можам да кажам дека сите поминавме низ тешки времиња, бројни фамилии патеа поради последиците на пандемијата овие две години. Нормално е дека луѓето во Австралија се фрустрирани со целиот случај бидејќи поминаа низ тешки карантини и многу од нив не можеа да се вратат дома. Единственото правило за играње на Австралија Опен е да си вакциниран и по мое мислење светот доволно патеше за правилата да не се почитуваат. Новак да сакаше можеше без проблеми да игра на Австралија Опен. Тој донесе своја одлука и нормално дека истата ќе има последици“, вели Шпанецот.

Се вчитува...