Надал откри зошто навива за Реал, а не за Барса

Рафаел Надал даде интересно интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, говорејќи на теми од приватниот живот. Шпанецот важи за голем фан на Реал Мадрид, што е изненадување ако се знае дека неговиот вујко со голем успех го има носено дресот на Барселона.

„Мојот татко отсекогаш бил ‘мадридиста’. Кога вујко ми играше за Барса, секако дека сите се обединија и го бодреа. Сепак, потоа тој се врати назад во Мајорка, а семејството се подели, некои роднини останаа приврзаници на каталонците, но јас го следам татко ми и сум голем фан на Реал Мадрид“, открива Надал.

Светската тениска суперѕвезда откри и дека низ годините создал извонреден однос со Кристијано Роналдо.

„Пријател, тоа за мене е силен збор. За мене пријатели се оние со кои израснав. Кристијано Роналдо ми е колега, партнер, човек за кого имам исклучително високо мислење. Што се однесува до Федерер, за мене тој е еден од најголемите во историјата на спортот“, го пофали Надал големиот ривал.

Се вчитува...