Надал по пресврт подобар од Карено Буста

Рафаел Надал ја прескокна и третата пречка на АТП Мастерс 1000 турнирот во Париз, откако во четвртфиналето беше подобар од сонародникот Пабло Карено Буста со 2-1, по сетови 4-6, 7-5 и 6-1.

Вториот играч во светот повторно послабо го стартуваше мечот и дозволи да го загуби првиот сет, но со одлична игра во следните два успеа да се квалификува меѓу четворицата најдобри во „Берси“ арената.

Таму за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Александар Зверев и Стен Вавринка кој е последен во денешната понуда.

Се вчитува...