Надал почна споро, но се извлече со Фелисијано Лопез

Рафаел Надал со тешка победа го стартуваше походот на титулата на АТП Мастерс 1000 турнирот во Париз. Во шпанското дерби тој го совлада Фелисијано Лопез по пресврт со 2-1 (4-6, 7-6 и 6-4). Повозрасниот Шпанец одлично го стартуваше мечот, направи брејк во првиот гем и успеа да го задржи до крајот за освојување на првиот сет со 6-4.

Во тешка и рововска битка која заврши во тај-брејкот во вториот сет Надал израмни на 1-1, а во решавачкиот сет беше доволен само еден брејк за конечен триумф. Со оваа победа Надал стигна до 1000 АТП победа, со која влезе во друштво на Џими Конорс, Роџер Федерер и Иван Лендл.

Надал во осминафиналето кое е на програмата утре ќе се сретне со Џордан Томпсон од Австралија кој беше подобар од Хрватот, Борна Чориќ.

Се вчитува...