Надал потврди дека сезонава за него е завршена и најави пензија

Сето она кое шпанските медиуми го најавуваат, денеска го потврди Рафаел Надал. Надал потврди дека нема да игра Ролан Гарос, а ниту на ниту еден турнир во оваа 2023 година.

Надал има проблеми со колкот, и поради тоа не можеше да игра за него најважниот турнир на Ролан Гарос, каде што е најдобар на земја. Во последните три години во вториот дел од сезоната Надал малку играше.

„Опоравувањето од повредата која ја добив во Австралија не мина онака како што очекував. Бројни цели можев да ги исполнатм до сега, така што настапот на Ролан Гарос е невозможен. Сите знаете тој турнир колку ми значи, и сега ви е јасно колку оваа одлука е тешка за мене. Немам намера да играм во следните неколку месеци“, рече Надал.

На прашањето дали ова ќе значи и негово пензионирање, тој одговори дека планира да се врати во 2024 година.

„Не сум во моментов во состојба да се натпреварувам. Ќе се обидам да се опоравам следните месеци, нема да одредувам датум кога ќе се вратам на терен. Може тоа да се случи и на крајот од оваа година, не знам. И да се подготвувам за почетокот на следната 2024 година, Мислам дека тоа ќе биде мојата последна година во кариерата“, кажа Надал.

Се вчитува...