Надал прв финалист во Мајами

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е прв финалист на Мастерс – турнирот во Мајами, откако во полуфиналниот дуел го совлада Италијанецот Фабио Фоњини со 2-0 во сетови. Тоа ќе биде петто финале за Надал на овој турнир, каде ќе го очекува подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Роџер Федерер и Ник Киргиос.

Надал стартуваше експресно и првиот сет го доби убедливо со 6-1 во гемови. Фоњини во вториот сет даде силен отпор, но, сепак, го загуби својот сервис во единаесеттиот гем, што Надал знаеше да го искористи за триумф од 7-5.

Се вчитува...