Надал се откажа од УС Опен: Не е безбедно да се патува во САД

Рафаел Надал и дефинитивно го откажа учеството на УС Опен, проценувајќи дека патот и настапот во САД би претставувал преголем ризик за неговото здравје во период на втор бран од Covid-19. Шпанецот долго време размислуваше дали да учествува на овој гранслем турнир, за на крајот да реши да не патува во Њујорк.

„По долго размислување решив да не настапам на овогодинешното издание на УС Опен. Ситуацијата ширум светот е премногу компликувана, бројот на заразени од коронавирусот се зголемува и се чини дека повторно немаме контрола над болеста. Со сета почит кон фановите во САД и кон организаторите на турнирот за вложениот труд, сепак решив дека патот во оваа земја ќе претставува преголем ризик“, порача Надал.

За разлика од Шпанецот, првиот носител Новак Ѓоковиќ реши да настапи на овој гранслем турнир, што ќе се одржи од 31 август до 13 септември.

Ѓоковиќ ќе има огромни шанси да стигне до нова титула ако се знае дека покрај Надал, дел од американскиот гранслем турнир нема да бидат ниту Федерер, Вавринка, Фоњини, Монфиј, Цонга, Кириос…

Се вчитува...