Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе се врати на терените на официјалните мечеви од АТП на турнирот од 250 серијата во Мелбурн кој почнува на 4. јануари. Покрај него во Мелбурн ќе учествува и поранешниот четврти рекет во светот, Јапонецот Кеј Нишикори, а тука ќе бидат и Кевин Андерсон и Григор Димитров.
Надал не се натпреваруваше од турнирот во Вашингтон поради повреда на стапалото, а претходно ќе настапи и на егзибицискиот турнир во Абу Даби кој е закажана за крај на годината.
Популарниот Рафа во моментов е на шестата позиција на АТП листата.
ATP250 Melbourne entry list incl. Rafael Nadal pic.twitter.com/kIvijJXv0y
— Michal Samulski (@MichalSamulski) December 10, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА