Надал се враќа на терените – ќе игра во Рим

Рафаел Надал дефинитивно се враќа на терените, откако Шпанецот објави дека ќе учествува на турнирот во Рим, што ќе биде на програмата од 14 до 21 септември. Надал шест и пол месеци не настапуваше на турнирите ширум светот, реши да не биде дел од УС Опен, но ја прифати поканата од организаторот во Рим, за турнирот што го има освоено рекордни девет пати во кариерата.

„Форо Италико е специјално место за мене, годинава ќе биде уште повеќе бидејќи тоа ќе биде мој прв турнир по подолго време без играње“, објави Надал.

Турнирот во Рим ќе биде исклучително силен ако се знае дека своето учество го потврдија 19 од Топ20 тенисерите на АТП-листата, сите со исклучок на повредениот Роџер Федерер.

Се вчитува...