Надал се врати по долгата пауза: Загубив, но чувството пак да се игра тенис беше одлично

Рафаел Надал по повеќе од четири месеци конечно успеа да се врати на тениските терени, настапувајќи на ревијалниот турнир Мубадала што традиционално се игра во Абу Даби.

Шпанскиот ас загуби од Енди Мареј со 3-6, 5-7 по еден час и 50 минути игра, но по мечот беше презадоволен што конечно успеа да ги надмине проблемите со повредата.

„Загубив, но чувството пак да се игра тенис беше одлично. Среќен сум што играв на место каде што уживав настапувајќи со години наназад. Воопшто не играв лошо, со оглед на фактот дека долго време бев надвор од терените. Исто така, среќен сум што гледам дека и Мареј игра на едно високо ниво“, изјави Надал.

Се вчитува...