Надал стигна до десеттата титула во Барселона

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои и десеттата титула во Барселона откако во финалето славеше против Австриецот Доминик Тим во два сета, со 6-4,6-1.

По освоениот трофеј минатата недела во Монте Карло, Надал на теренот кој го носи неговото име го освои вториот трофеј и 71-та титула во кариерата, а 51 на земја.

Турнирот во Барселона се играше за вкупен награден фонд од 2,3 милиони евра.

Се вчитува...