Надал: Телото не ме слуша, тешко ми е

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал одлучи да се повлече од турнирот во Монте Карло, неколку денови пред стартот на натпреварувањето. Објасни дека и натаму не е подготвен да се натпреварува на највисоко ниво, и дека нема да биде дел од Мастерсот.

Според изјавата на Надал за „Мовистар“, ситуацијата не е нималку наивна. Тој кажа дека во овој момент не е во позиција да се натпреварува.

„Моето тело не ми дозволува да играм. Тешко ми е, вака е веќе година и пол. Се обидувам секојдневно да решам се, но реалноста е дека во овој момент не сум во позиција да се натпреварувам. Тешко е“, рече Надал.

Ролан Гарос е блиску, а дали Надал ќе стигне да се подготви за овој турнир?

„На професионало ниво е многу тешко. Не исклучувам ништо, ниту турнирите во Барселона или Мадрид. Сепак, во овој момент не можам да играм“, изјави Надал.

Се вчитува...