Надал тренира во Барселона, но не е сигурен дали ќе настапи

Мастерсот во Монте Карло се вжешти, но вестите на денот не доаѓаат од Кнежевството, туку малку појужно. Рафаел Надал пристигна во Барселона и првпат тренираше на теренот кој го носи неговото име.

Надал нема одиграно турнир од Бризбејн. Оттогаш го откажа учеството на Австралија опен,  Доха, Индијан Велс и оваа недела во Монте Карло. Сепак, сега се чувствува подобро и затоа реши што поскоро излезе на теренот. Турнирот во Барселона се одржува следната недела.

„Тука сум само да се обидам, но не гарантирам дека ќе играм. Продолжувам да се трудам, вистината е дека ситуацијата е комплицирана. Не исклучувам никаква можност, ниту да играм во Барселона, ниту подоцна во Мадрид“, изјави Надал.

Рафа го држи рекордот за најмногу титули, но го нема освоено овој турнир од 2021 година.

Се вчитува...