Надал верува во Мбапе: Докажа дека е најдобар на светот

Прославниот шпански тенисер Рафаел Надал кој е добро познат како голем навивач на Реал Мадрид имаше пофални зборови за француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбаше.

Надал верува дека Реал Мадрид не згрешил со неговиот трансфер и дека 26-годишникот со одличниот старт на сезоната докажа дека е најдобар на светот.

„Кога го потпишаа Килијан знаевме што добиваме со него. Кога тој пристигна во клубот верувавме дека е најдобар на светот. Има добар почеток на сезоната и докажа дека не е грешка што мислиме дека е најдобар на светот. Ќе се бори да биде тоа, верувам во тоа и ќе го направи тоа со овој фантастичен тим зад него“, вели Надал.

Се вчитува...