Надал во Грција се подготвува за ЛОИ во Париз

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се подготвува за Олимписките игри во Грција. Надал не престана да тренира на земјена подлога, а последен турнир на кој настапи беше Ролан Гарос.

Таму во првото коло беше елиминиран од Александар Зверев. Враќањето на Рафа се очекува по Вимблдон, а за прв турнир го избра Бастад, а ќе игра дури и во двојки, каде за партнер го избра Каспер Руд.

Иако има одлични услови за тренинг на домашен терен во Мајорка, тој реши да ја промовира својата академија на третиот крак на Халкидики.

Се вчитува...