Надал за здружението на Ѓоковиќ – Мора да се држиме заедно, а не да работиме само за лични интереси!

Новак Ѓоковиќ и дел од тенисерите формираа Здружение на професионалните тенисери (ПТПА) кое е независно од Асоцијацијата на тениски професионални (АТП) која има за цел борба за поголеми права на тенисерите. Рафаел Надал излезе со свој став околу целата ситуација, дека во моментов поради сите проблеми со кои се соочува светот тенисерите треба да бидат здружени, а не да работата само за лични интереси.

„Го разбирам незадоволството на одделни спортисти кои со потпис го подржаа тој предлог, но тука постојат многу прашања без одговор. Плус мислам дека сега не е прав момент. Дури и да не сме во ситуација во која се наоѓаме сега, многу детали не се јасни. Исто така и некои работи не се поставени како што треба. На врвот на се поминуваме низ светска криза во секој аспект. Тешки се ова времиња за сите нас, тенисерите, организаторите… Треба да се држиме заедно, а не секој од нас да работи само за лични интереси“, изјави Надал. 

 

Се вчитува...