Надал закажа дуел со Ѓоковиќ во Мадрид

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во полуфиналето на Мастерс – турнирот во Мадрид, каде ќе ги одмери силите со Србинот Новак Ѓоковиќ. Ќе биде тоа јубилеен 50.дуел меѓу овие двајца тенисери.

Надал во четвртфиналето беше подобар од Белгиецот Давид Гофан со 2-0 во сетови (7-6, 6-2). Ѓоковиќ без борба се пласира во полуфиналето, откако Јапонецот Кеи Нишикори го предаде мечот поради повреда.

Се вчитува...