Нафиу со гол за Малишева го урна шкотски Хибернијан (ВИДЕО)

Едно од најголемите изненадувања во Лигата на Конференции денеска го направи екипата на Малишева од Косово, која на свој терен го совлада шкотски Хибернијан со 2-0. Токму победникот од овој натпревар ќе игра со подобриот од двомечот Браво – Шкендија.

Малишева, предводен од поранешниот тренер на Шкендија, Томас Брдариќ го изненаду фаворитот, а македонскиот интернационалец Валмир Нафиу беше еден од стрелците. Нафиу влезе во вториот дел и го постигна вториот гол за својот тим во големата победа.

И Реџеп Мурати играше на овој меч и влезе во игра во 72. минута.

Се вчитува...