Нагелсман добил 450 смртни закани: Едно е да ме критикувате, но ова не е нормално…

Навивачите на Баерн Минхен не можат да ја преболат елиминацијата од Вилјареал во Лигата на Шампионите, а вината вообичаено се бара кај тренерот.

Јулијан Нагелсман минатото лето го наследи Ханси Флик на кормилото на баварскиот гигант, но воопшто не импресионираше. Младиот стратег се мачи да наметне авторитет, формата на тимот премногу варира, а веќе беа претрпени и неколку убедливи порази, меѓу нив и оној од Борусија Менхенгладбах во Купот на Германија.

Нагелсман е свесен дека дел од критикитее кои ги добива се нормални, но се пожали дека по последниот дуел со Вилјареал добил неверојатни 450 закани по живот од незадоволни навивачи.

„Мислам дека добро се справувам со критиките кон мене, нешто што го разбирам како сосема нормално кога се занимаваш со тренерската професија. Сепак, ќе се согласите дека ситуацијата не е нормална кога ќе добиете 450 смртни закани на вашиот инстаграм-профил. Со вакви работи се соочувам по секој меч, без разлика дали ќе победиме или загубиме. Многу луѓе сакат да ме убијат, тоа ми го повторуваат веќе извесен период, но сега веќе почнаа со навреди кон мојата мајка, која нема никаква врска со фудбалот и со нашата елиминација од ЛШ. Како да се справам со ова? Па треба да не ми е гајле. Искрено, многу малку читам, знам дека луѓето имаат право да пишуваат свои мислења, но треба и малку да размислат“, изјави Нагелсман.

Се вчитува...