Нагелсман има седум милиони причини да не даде оставка

Фијаското на СП 2026 и елиминацијата од Парагвај ќе го означат крајот на ерата на Јулијан Нагелсман откако младиот стратег не ги оправда очекувањата на јавноста и беше елиминиран уште во 1/16 финалето од овој мундијал.

Федерацијата веќе го има избрано и новиот селектор – легендарниот Јирген Клоп е подготвен да го преземе кормилото на националниот тим, но останува да се реши проблемот – Нагелсман има уште две години од акутелниот договор и не размислува самиот да се повлече.

Веднаш по доаѓањето назад во ерманија дошло до разговор меѓу луѓето од федерацијата и селекторот, кои му предложиле тој самиот да се повлече, во акт на човечка големина и преземање на одговорност.

Нагелман сепак не размислува за вакво нешто, свесен дека отказ може да му донесе значителна сума пари, од кои фактички би се откажал доколку самиот си замине од функцијата. Како што информираат германските медиуми, станува збор за сума од седум милиони евра, па јасно е зошто Нагелсман нема самиот да се повлече, туку ќе чека отказ а потоа и чек од федерацијата за предвремениот прекин на соработката.

Се вчитува...