Нагелсман избра: 40-годишниот Нојер ќе го брани голот на Германија на СП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јулијан Нагелсман ги избра фудбалерите кои ќе патуваат на Светското првенство кое што за помалку од еден месец се одржува во САД, Канада и Мексико.

На списокот се најде и легендарниот голман, Мануел Нојер за кого ова ќе биде веројатно последно интернационално натпреварување во кариерата.

Нојер го објави своето повлекување од репрезентацијата на крајот од летото 2024 година за да се фокусира на целите на клубот. Последниот натпревар за германската репрезентација го одигра пред речиси 700 дена, а тоа беше поразот од Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство 2024 година.

Се вчитува...