Нагелсман: Не знам што ме чека, но не се плашам

Откако испадна од 1/4 финалето во Лигата на шампионите од Вилјареал, се споменува и оставка на првиот тренер на „Баварците“, Јулијан Нагелсман. Факт е дека „Баварците“ сезонава се далеку од партиите кои ги прикажуваа во изминатите неколку години. Во Бундеслигата и натаму ја немаат осигурано титулата, а испаднаа и од 1/4 финалето во најелитното европско натпреварување.

Нагелсман после натпреварот коментираше и за последиците по елиминацијата.

„Не знам што ме чека. Сигурно ќе играме со Арманија во Буднеслигата. Не се плашам од отказ, има и полоши работи“, рече тренерот на Баерн.

Се вчитува...