Нагелсман: Проблемот на Германија е што играчите не знаат да играат одбрана

Селекторот на Германија Јулијан Нагелсман имаше два неславни натпревари во ноемврискиот репрезентативен циклус. Германија е пласирана на ЕП како домаќин, и игра пријателски мечеви со цел да се воигра за идното ЕВРО, но тоа слабо им оди.

Ханс Флик беше сменет токму поради тоа што губеше пријателски натпревари, а не тргна добро ниту Нагелсман, кој на четири меча има 1 победа, 1 реми и 2 порази.

Во ноемврискиот циклус Германија загуби дома од Турција 2-3, и вчера од Австрија на гостински терен со 2-0. Селекцијата, која некогаш важеше за најдобра во дефанзива, прими пет гола во овие два меча, и тука Нагелсман го гледа проблемот.

„Не може да играме одбрана, немаме чудовишта во дефанзивата, е нема ни да имаме идното лето. Ова не е претпознатливо за нас. Проблемот е што репрезентативците играат во клубови во кои помалку треба да се фокусирани во одбраната, а повеќе во нападот. Тука имаме проблем“, рече Нагелсман.

Се вчитува...