Нагелсман: ПСЖ не е премногу возбуден за дуелот со Баерн

Судбината денеска одлучи Баерн Минхен и ПСЖ да се соочат во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Јулијан Нагелсман смета дека противникот е силен, но верува дека и нему не му е сеедно што ќе игра против неговата екипа.

„ПСЖ е тежок противник. Веќе имавме тешки противници во групата. Не бевме наградени за нашата совршена групна фаза. И ПСЖ нема да биде претерано возбуден што се соочува со нас. Но, мечот е уште далеку, тука е прво Светското првенство.

Нема смисла сега да се размислува за осминафиналето. Сега на ред го имаме Вердер Бремен, па Шалке и Светското првенство. Сè уште е рано да зборуваме за ПСЖ“, изјави младиот стратег на Баварците.

Осминафиналето стартува на 14 и 15 февруари со првата половина дуели, додека втората е закажана за 21 и 22. Возвратните пресметки ќе се играат на седми и осми март, како и на 14 и 15 март.

Се вчитува...