Нагелсман: Сакам Левандовски да остане, но нема да биде лесно

После победата над Унион Берлин од 4-0, тренерот на Баерн Минхен Јулијан Нагелсман меѓудругото ја коментираше и ситуацијата со Роберт Левандовски.

Полјакот кој ги сруши сите рекорди во Бундеслигата, и натаму нема преговори за нов договор, кој му истекува во 2023 година, а Нагелсман изрази желба да биде задржан Левандовски.

„Сакаме да го задржиме Левановски, но знаеме дека тоа нема да биде лесно. Немам чувство дека сака да си оди и да игра за друг клуб. Ќе донесеме заедничка одлука, сигурно ќе има разговори меѓу играчот и клубот“, рече Нагелсман.

Веќе долго време се шпекулира за заминување на Левандовски во Реал Мадрид, но откако овој тим има цел Мбапе и Халанд, речиси е извесно дека до трансфер нема да дојде. Сега се појавува Атлетико како фаворит, меѓутоа многу поголема е веројатноста да остане во Минхен.

Се вчитува...