Награда од 40.000 евра од македонската Влада за Дејан Георгиевски и неговиот тренер

Македонската Влада донесе одлука на освојувачот на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски и на неговиот тренер да им биде доделена вкупна парична награда од 40.000 евра

Дејан Георгиевски, според одлуката, ќе добие 1,2 милиони денари од Владата, дополнети и со 600.000 денари од Агенцијата за млади и спорт. Неговиот тренер Дарко Костовски, пак, ќе добие парична награда од 600.000 денари од македонската Влада.

Сребрениот медал на Георгиевски е досега најголемиот успех во историјата на македонскиот спорт на Олимписки игри од независноста на Македонија.

Се вчитува...