Награда за добрите игри: Димитријевиќ со нов договор со Хувентуд

Ненад Димитријевиќ со години наназад важеше за голем талент, а македонскиот плејмејкер сезонава конечно доби шанса на сениорско ниво во тимот на Хувентуд – и одлично ја користи. Добрите игри на младиот Македонец останаа забележани од страна на челниците на Хувентуд, кои денеска потпишаа нов договор со Димитријевиќ со важност до 2021 година.

dimitrijevic huventud

Постигнавме договор со Димитријевиќ, според кој овој кошаркар и во следните четири години ќе го носи дресот на нашиот клуб“ – објави Хувентуд на својата официјална веб-страница.

Димитријевиќ (19 години) е дел од Хувентуд уште од 2012 година, кога на 14-годишна возраст се пресели во Бадалона. По добрите игри во Ендеса лигата, за очекување е овој кошаркар да добие шанса и во сениорската репрезентација на Македонија во следните претквалификации за СП 2019 во Кина.

Се вчитува...