Ракометната федерација на Македонија вечерва на гала вечера организирана во хотелот „Хилтон“ во Скопје ги избра најдобрите за сезоната 2024/2025 година.
Церемонијата почна со громогласен аплауз за прерано починатите Александар Јовиќ и Илија Темелковски. Исто така, Темелковски постхумно е добитник на наградата за посебен придонес во ракометот, за сето она што го стори за овој спорт во својот живот, најпрвин како играч, а потоа и како тренер и селектор. Големото признание на бината го прими сопругата на Темелковски заедно со неговите двајца внуци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА



