Наинголан донесе три бода за Рома, Палермо на Несторовски поведе па доживеа „потоп“

Рома, Наполи и Лацио запишаа победи во 20. коло од Серија А, на тој начин продолжувајќи ја битката за лидерската позиција со Јувентус.

Рома стигна до минимален триумф од 0-1 на гостувањето против Удинезе, благодарение на погодокот на Наинголан уште во 12. минута од средбата… Џеко не реализираше пенал во 18. минута, но тоа не беше пречка сепак да се зачува предноста до крајот на средбата.

Radja Nainggolan Goal HD – Udinese 0-1 AS Roma… by alexpaul-percec

Наполи, откако не успеа да го скрши отпорот на Пескара во првото полувреме, со три гола во вториот дел стигна до убедлив триумф од 3-1. Тонели, Хамшик и Мертенс беа стрелци за „наполитанците“.

Лацио дојде до пресврт победа од 2-1 на дуелот против Аталанта. Гостите поведоа со голот на Петања во 21. минута. Милинковиќ-Савиќ израмни во 45. минута, а победата за „лацијалите“ ја донесе Имобиле од пенал во 68. минута.

Палермо, на нашиот Илија Несторовски, иако поведа на гостувањето против Сасуоло со голот на Каизон уште во 9. минута, а по извонредната асистенција на Несторовски, сепак на крајот загуби со убедливи 4-1.

Sassuolo vs Palermo 4-1 All Goals & Highlights… by HoFoot

РЕЗУЛТАТИ – 20. КОЛО

Каљари – Џенова 4-1

Удинезе – Рома 0-1

Сампдорија – Емполи 0-0

Наполи – Пескара 3-1

Сасуоло – Палермо 4-1

Лацио – Аталанта 2-1

Фиорентина – Јувентус (20:45 ч.)

ТАБЕЛА: Јувентус (-2) 45, Рома 44, Наполи 41, Лацио 40, Милан(-2) 36, Интер 35, Аталанта 35,…

Се вчитува...